Пристигнати се сите здравствени картички за кои имаше барање
24-07-2014 РЕГИОН

Во моментов над 1500 електронски здравствени картички се пристигнати во подрачната единица на ФЗОМ.

 

Раководителот на подрачната служба, Снежана Јованова  информира дека картичките можат да се подигнат секој работен ден на шалтерите на фондот.

 

„Над 1000 картички се за пензионери и невработени лица , а последната практа која што пристигна е од 550 здравствени картички на осигурениците кои исто така во изминатиот период поднеле барање за издавање на електронска картичка заклучно со 30 јуни годинава“ рече Јованова и апелираше до осигурениците во што пократко време да си ги подигнат картичките.

 А.Д



Share

Додади коментар