Подароци во знак на благодарност од името на општина Кавадарци денеска им подари градоначалникот Александар Панов на лекарите од итната медицинска помош во Кавадарци, општата болница, на еден полицаец и пожарникар, кои за време на новогодишната ноќ, додека сите славеа тие беа на свотие работни места. За нив денеска беше приреден и традиционален прием во кабинетот на градоначалникот.
Панов од името на кавадарчани им се заблагодари на медицинските лица и на лицата од безбедноста што совесно и одговорно си ги завршија своите работни задачи, иако имавме исклучително мирна новогодишна ноќ
Како секогаш така и на новата година без прекин работеше итната медицинска помош. И оваа служба не забележала драматични интервенции. Новогодишната ноќ поминала како и секој викенд.
Петмина пациенти за новогодишната ноќ примил дежурниот лекар во општа болница Кавадарци, најголемиот дел од нив лекарска помош побарале поради тоа што претерале со алкохолот.
A.Д
Додади коментар