Членовите на боречкиот клуб „ Неготино “ од Неготино, вчера остварија средба со градоначалникот на општина неготино Ванчо Апостолов. На средбата разговараа и ги пренесоа впечатоците и успесите од последните натпревари во Скопје.
Како што истакна градоначалникот Апостолов, општина Неготино и самиот тој како градоначалник се горди што имаат успешни спортисти и како и досега во рамки на можностите на Буџетот на општината ќе продолжат да ги поддржуваат.
Во БК „ Неготино “ тренираат деца до 15 години, кадети до 17 години и младинци до 20 години, кои се борат во различни категории.
Инаку, БК „ Неготино “ минатата недела учествуваше на меморијален турнир во борење во Скопје, каде во конкуренција од 60 борачи освои два бронзени и еден сребрен медал. На државното првенство кое се одржа по повод празникот 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, 7 члената екипа на БК „ Неготино “ освои 4 медали. Како што најавија од БК „ Неготино “ во тек се подготовки за следните турнири, од кои очекуваат позитивни резултати.
Маја Алексовска

Додади коментар