Прием за учесниците во воената вежба „Предизвик 2013“
26-09-2013 РЕГИОН

Градоначалникот на општина Неготино, Ванчо Апостолов, денеска приреди прием за учесниците на билатералната воена вежба „Предизвик 2013“, а со тоа и одблизу се информираше за текот и успешноста на вежбата.

Во кабинетот на градоначалникот гостуваа дел од припадниците на баталјонот за противвоздушна одбрана кој е во состав на воздухопловната бригада на АРМ и дел од припадниците на единицата за противвоздушна одбрана на вооружените сили на Република Словенија коишто учествуваа во „Предизвик 2013“.

Припадниците на двете армии нагласија дека вежбовните активности поминале во најдобар ред и дека вежбата придонела за подобрување на обученоста, интероперабилноста и борбената готовност на армиите учеснички.

Во знак на благодарност за укажаното гостопримство, претставникот од Словенија на градоначалникот му подари книга за Совенечката армија , додека претставникот на АРМ на Апостолов му врачи значка кој им се доделува на стрелците кои првпат лансираат ракета.

Во име на локалната самоуправа на припадниците на двете армии им беа доделени пригодни подароци преку чија содржина ќе можат да се запознаат со основните карактеристики на општина Неготино.

Елена Данова



Share

Додади коментар