Прием за моторџиите од „Тиквеш рајдерс“ кај градоначалникот Панов
28-06-2016 РЕГИОН
Кавадарци изминатиот викенд беше домаќин на над 800 моторџии или над 2000 посетители на првиот мото фест што се одржа во Моклиште, а го организираше Здружението „Тиквеш рајдерс“.
Моторџиите од Кавадарци денеска беа примени од градоначалникот Александар Панов. Тој им честита за успешно реализираниот мото фест и најави дека ја имаат општинската подршка за традиционално организирање на овој настан.
Благодарност до општината за подршката упатија од „Тиквеш рајдерс“. Задоволни се од тоакако помина првиот мото фест и од учеството речиси на сите мото клубови од земјава. (повеќе во видео изданието на вестите)
A.Д
Додади коментар