Денеска оперативата на изведувачот на работите фирмата „Гранит“ од Скопје работеше на поставување асфалт во ценмтарот на селото Ресава.
Доколку се‘, се одвива според планот и динамиката за работа, асфалтирањето треба целосно да заврши до крајот на викендот со што овој патен правец ќе биде во целост ревитализиран.
Станува збор за делница во должина од 4 километри на која согласно новиот проект се изврши проширување на коловозната лента која сега изнесува 5,5 метри во широчина, целосно поставување на нов слој асфалт, како и нови шанци и канафки.
Реконструкцијата на патот се врши со државни пари, а беше овозможена благодарение на домаќинското работење при реконструкцијата на делницата Кавадарци-село Ресава, при што од тој Буџет останаа 20 милиони денари. На барање на општината Владата преку надлежното министерство ги намени овие пари за продолжување на работите на патот од Ресава до Бегниште, а за заокружување на целосната финансиска конструкција беа повлечени и пари од странските инвеститори.
Со целосната реконструкција на локалниот патен правец Кавадарци село Бегниште во вкупна должина од 10 километри, напјпрвин ќе се подобри пропусната моќ на патот кој во текот на годината е меѓу најфрекфентните во општина Кавадарци бидејќи се наоѓа на самиот брег на Тиквешкото Езеро каде има многу викенд куќи, ребници, угостителски објекти, а поврзува и значаен лозарски регион каде се наоѓаат значајни површини под лозови насади како и овоштарници.

Додади коментар