Општина Кавадарци привршува со реализација на проектот за пробивање на улицата „Кукушка“ и нејзино спојување со улицата „Мито Хаџивасилев-Јасмин“.
Со поставувањето на бехатон коцките се оформи проширена улица за дополнителни 20 сантиметри, а се отвори и нов пократок и директен сообраќаен пристап за жителите на оваа улица кон една од главните сообраќајници во градот.
Општината на оваа локација најпрвин спроведе рушење на стар куќа подложна на паѓање, како и отстранување и расчистување на просторот. Со тоа се отстрани сериозна опасност по пешаците и сообраќајот на улицата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ каде секојдневно има голема фрекфенција на возила и пешаци, особено на учениците од гимназијата „Добри Даскалов“.
Согласно проектото општината овде претходно изврши промена на подземната инфраструктура, а беше изграден и армирано-бетонски потпорен ѕид.
Додади коментар