Привршува изградбата на уште 680 метри од речното корито
27-10-2020 РЕГИОН

Со изградбата на оваа делница ќе се спојат кејот-шеталиште Ваташа со делот во Кавадарци кај мостот „Слога“. Архитектонски и овој дел од кејот шеталиште ќе биде иста како во градот, односно со минор корито од камен, и шеталиште на двата брега од кои левото ќе биде со павер елементи, а десното од фин бетон.

Во завршната фаза ќе се постави урбана опрема и ново улично осветлување. Финансиската конструкција за овој проект изнесува 21.500.000 денари, парите се обезбедени преку Бирото за развој на Вардарскиот плански регион и буџетот на Општина Кавадарци.
Со реализацијата на петтата фаза од изградбата на кејот-шеталиште, општина Кавадарци ќе регулира три километри од коритото на реката Луда Мара на потегот од улицата „Страшо Пинџур“ кај мостот Ваташа до мостот „Белка“ кај Булеварот „Видое Смилевски“.



Додади коментар