Приведен кавадарчанец поради закани кон полициски службеник
11-07-2024 РЕГИОН
Вчера во 11.00 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода А.З.(29) од Кавадарци, по претходна пријава дека преку социјална мрежа упатувал закани на полициски службеник од ОВР Кавадарци.
А.З. е приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава - информираат од СВР Велес.

Додади коментар