При крај е реконструкцијата на против пожарната зграда во Кавадарци
15-02-2019 РЕГИОН

 

 

 

 

 

 

Од проектот на Општина Кавадарци за ревитализација на Противпожарниот дом , останува само уште делот за хортикултурно уредување на стопанскиот двор , информираат од локалната самоуправа.

 


Согласно овој значаен проект општината изврши целосна реконструкција на внатрешноста, како и на фасадата на зградата на Територијалната против пожарна едница Кавадарци. Се изгради современа гаража со пет дела каде се паркираат против пожарните возила,дворот е целосно урбанизиран и поплочен и бетониран, подигната е метална ограда, а поставено е и ново јавно осветлување околу и на самиот објект.

 


После извршените интервенции објектот и локацијата на против пожарниот дом се оформиа во современ урбанизиран простор, кој обезбедува оптимални услови за престој и работа на пожарникарите, како и за чување на опремата.


Општината како и општествено одговорните компании и невладини орган изации во изминатиот период за противпожарната служба донираа, оптема за пожарникарите, возила за различни интервенции, срдства за радио комуникација и други потреби за осовременување на ТПП единица.



Share

Додади коментар