Претстојниот викенд ќе се одржи есенскиот панаѓур во Кавадарци
05-10-2015 РЕГИОН

Општина Кавадрци ги информира граѓаните на Кавадарци и регионот дека, традиционалниот „Есенски панѓур 2015“ ќе се одржи во деновите 9, 10 и 11 Октомври. Локацијата и годинава останува непроменета. Штандовите на излагачите на панаѓурот се сместени на булеварот „Никола Минчев“ поранешен „Едвард Кардењ“ на потегот од кружниот тек кај новата автобуска станица, до спојот со регионалниот пат „Северен Булевар“-обиколница.

 

Се известуваат жителите на булеварот „Никола Минчев“ на ден 08.10.2015год. најдоцна до 12:00 часот да ги отстранат своите автомобили од улиците како би го ослободиле просторот за поставување на тезгите на излагачите на есенскиот Панаѓур 2015г., кој ќе се одржува во деновите 9,10 и 11 Октомври (петок, сабота и недела) во Кавадарци.

 

Воедно се известуваат сите граѓани дека булеварот „Никола Минчев“ („Едвард Кардељ“) како и булеварот „Македонија“ од спојот со ул. „Орце Николов“до булеварот „Цветан Димов“ ќе бидат целосно затворени за сообраќај, во деновите на одржувањето на есенскиот панаѓур.



Share

Додади коментар