Претставници на мировниот корпус кои се сместени во селото Ваташа денеска се дружеа со градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов. Му ги пренесоа досегашните искуства од Кавадарци.
„Разговартавме за различни теми. Ова не е прв пат претставници на мировен корупус да се на прием во мојот кабинет. Во мандатот од осум години неколку гарнитури дојдоа во Кавадарци. Сите си заминаа со пријатни чувства од Кавадарци, а еве сега и од Ваташа. Разговаравме за секојдневни теми поврзани со општина Кавадарци, селото Ваташа, ми ги пренесоа нивните импресии од фамилиите од училиштето односно од тоа што работат тука. Ме прашаа тоа што им беше интересно. Се потрудив да им одговорам што поподробно и ете приметивте дека дел од темите се за историјата, за втората светска војна, за балканските војни, за градот Тиквеш и за инфраструктурните најбитни проекти кои сме ги работеле во изминатиот период. Им понудив и дополнителна помош и асистенција да го посетат Стоби, да го видат Тиквеш, да се качат до Кожув и да прошетаат до Охрид да ја видат лулката на христијанството на Балканот“ рече Панов.
Стивен Ричардс и Џемс Дин беа едногалсни дека во Македонија и Кавадарци се чувствуваат прекрасно. Проговорија за тоа како им минува еден ден овде.
„Македонија е прекрасна земја каде живеат прекрасни луѓе и мислам дека нема да ми биде никогаш доста од јадење ајвар. Моето семејство во Ваташа е многу добро. Мојата дома е во Ваташа“ рече Џемс Дин претставник на Мировниот корпус.
„Македонија се покажа како многу гостопримлива земја. Има многу активности кои можам да ги правам со моето семејство
но и надвор од моето семејство. Секој ден имаме часови по македонски јазик наутро, а попладне имаме часови и тренинзи како да соработуваме со невладините организации од Македонија“ рече Стивен Ричардс.
Aнгел Данов
Додади коментар