Претставени мерките за вработување со субвенционирање во Велес
09-03-2015 РЕГИОН

Велешките фирми се заинтересирани за отворање нови работни места преку програмата за субвенционирање. Велат дека три месечната обука и финансиската поддршка за првите шест месеци од вработувањето ќе им помогнат да го зголемат бројот на вработени.

 

Агенцијата за вработување денеска во велешкиот центар ја презентираше мерката за вработување со субвенционирање. Директорот Влатко Поповски ги запозна работодавачите за оваа можност. Вели дека има голем интерес за овој начин на отворање нови работни места..

 

Помош во промоцијата на оваа мерка доаѓа и од новоформираниот совет на работодавачи во Агенцијата за вработување. Тој освен во промоција на мерките за вработување ќе работи и како тело во кое ќе се решаваат проблемите со кои се соочуваат фирмите, вели поповски..

 

Инаку годинава стартуваше уште една мерка за помош на невработените.  Агенцијата овозможува бесплатни курсеви за странски јазик и работа со компјутер.. сите оние кои ќе учествуваат во обуките ќе добијат сертификат за завршен курс.

 

 Агенцијата за вработување денеска во велешкиот центар ги презентираше условите за аплицирање.

 

Зоран Јаневски 



Share

Додади коментар