Претставени активните мерки за вработување во Неготино
10-03-2015 РЕГИОН

Во Неготино се намалува бројот на невработените, беше речено денеска на отворениот ден на Агенцијата за вработување што се одржа во Неготино. Голем е и интересот кај работодавачите и невработените лица за активните мерки за вработување и самовработување кои ги нуди Агенцијата, а беа претставени пред неготинци.

Директорот Влатко Поповски кој се сретна со работодавачите и невработените истакна дека интересот за отворање на нови работни места е голем.

Во Неготино во контиунитет се намаулува невработеноста, а и со новата индустриска зона ќе се даде придонес во намалувањето на бројот на невработени, рече градоначалникот на Неготино, Ванчо Апостолов.

 

Дека интересот за отворање на нови работни места со помош на активните мерки кај неготинци е голем потврди и директорката на Центарот за вработување во овој град, Криситна Чадамова и нагласи дека по повикот за самовработување се пријавиле 39 невработени лица од Неготино. Овие лица ќе добијат опрема за работа во вредност од  3000 евра.

 

Програмата за самовработување ја спроведуваат  Агеницјата за вработување со Министерството за труд и социјална политика во соработка со Прогрмата за развој на Обединетите нации УНДП. Целта е да се подржат кандидатите  и бизнис-идеите што ќе иницираат одржливи вработувања.

 Ангел Данов



Share

Додади коментар