Претставена студијата за потенцијалите за „зелени“ работни места
01-10-2013 РЕГИОН

Под покровителство на градоначалникот Александар Панов,а во организација на УСАИД и Хабитата Македононија, во салата на општинскиот Совет се одржа промоција на Студијата за потенцијалите за „Зелени“ работни места во Република Македонија. Пред присутните на оваа тема зборуваа  проф д-р Пеце Неделковски автор на студијата, како и претставниците на Хабитат: Лилјана Алчева и Теодора Стефановска.

Заклучок од  средбата е дека „Програмите за изолација“ се однесуваат на заштеда-сачувување на енергијата во зградите и објектите,а е како директна последица од се поголемата глобална загриженост со кризата на фосилните горива, глобалното затоплување, климатските промени и  како можен начин за излегување од економската криза со штедење енергија.

Една од главните цели на оваа глобална идеја е и создавањето на нови работни места таканаречени „Зелени вработувања“, кои денеска во Европа опфаќаат околу 2,1 милион работници. Целта е преку штедење и производство на еколошка енергија од алтернативните видови, како и нејзино рационално трошење и поголемо зачувување, да се намалат трошоците во домаќинствата и стопанството ос изградба на термо фасади, енергетски ефикасна столарија на врати и прозорци, вградување на високо ефикасни енергетски ЛЕД светилки во сите сегменти, како и производство на енергијата од алтернативни извори.

Градоначалникот Александар панов, во целост ја прифаќа оваа идеја,а потврда се превземените чекори во неговиот мандат со повеќе градежни и оперативни зафати токму во правец на штедење на енергијата во институциите под надлежност на општината.



Share

Додади коментар