Претседателот на ОО на СДСМ Кавадарци, Горан Тодоров денеска побара јавно извинување од претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Зоран Јованчев, бидејќи на прес конференцијата на 31 јануари изнел премногу невисти и неосновани обвинувања, во спротивно ќе биде поднесена тужба за клевета.
(интегрален текст) Барам од Вас согласно законот за граѓанска одговорност во рок од 48 часа јавно да се извините за следното:
-за невистините и измислиците објавени од ваша страна дека Горан Тодоров и СДСМ ги трујат граѓаните.
-за невистините и измислиците кои ги изнесовте дека сум сторил кривично дело согласно член 215 од кривичниот законик.
-за невистините и лагите дека сум вршел измама на потрошувачите.
-за невистините и лагите кои ги изнесовте намерно или од незнање дека фирмата во која сум јас вработен пуштила во промет марихуана за широка потрошувачка.
-за невистините и лагите кои ги изнесовте на пресот дека продаваме вода без дозвола од Агенцијата за храна и ветеринарство
-за невистините дека сум сторил кривично дело за кое се гони по службена должност.
Воедно со ова барање ве повикувам во иднина да вршите проверка на информациите кои ги објавувате за да бидете сигурни во тоа што го зборувате за да не ширите лаги и невистини помеѓу граѓаните. Исто така сакам да ви укажам дека кога имате намера да кажете нешто на прес треба добро да го осмислите, бидејќи фирмата Кодинг-Горска никогаш не продавала марихуана, како што наведувате на пресот, туку вода релакс, за која уредно ги има сите дозволи согласно законот.
Додади коментар