Поминаа 100 години од кога тиквешани се кренаа на востание. После првата балканска војна во 1913година Тиквешкото востание претставува прв и најмасовен вооружен отпор на населението против српскиот окупатор. Востанието е предизвикано поради насилствата вршени од страна на српските окупатори врз населението во тиквешкиот крај при обидите з а асимилација и посрбување. Терор е неподнослив, а револтот на тиквешани од ден на ден станува сè поголем. Само поради тоа што населението се спротиставува на асимилацијата стотици биле убивани протерувани силувани, а не се поштедени дури ни децата.
Не можејќи да ја трпи тиранијата, тиквешкото население решава да се организира, со поддршка на Внатрешна Македонска Одринска Ревулуционерна Организација , каде едногласно донесува одлука да застане на страната на народот и да крене востание. Меѓу поистакнатите војводи биле : Дончо Лазаров, Коце Сеизов, Тодор Камчев, Михаил Шкартов и уште десетина други кои заедно решаваат да кренат востание со цел да се ослободи тиквшијата од страна на окупатор.
Како последница на поранешниот систем во историјата на македонија ова востание е малку споменувано и воопшто не му се придавало значење.
Денес 100 години по тиквешкото востание овој настан има македонски карактер и не претставува некаква провокација за туѓи интереси.
По повод овој јубилеј утре на 19,06,2013 во 10 часот во парк полана-музичкото паркче ве покануваме на положување на цвеќе за да им оддадеме почит на сите оние кои несебнично го жртвуваа својот живот.
(интегрален текст од прес конференцијата)
Додади коментар