Прес конференција на министерот за здравство Венко Филипче 16.03.2020

Седум лица во земјава моментално се тестираат на корона вирус, информираше министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција.

Тој појасни дека  3 од нив се од Дебар, 2 од Штип и 2 од Инфективното одделение.

Тројцата од Дебар имаат симптоми, додека останатите се испитуваат бидејќи биле на пат во Австрија односно Германија.

Филипче исто така инфомрира дека првата пациентка заболена од вирусот е пуштена на домашно лекување и оти состојбата на останатите 18 хоспитализирани пациенти е стабилна.

 

    



Share

Додади коментар