Препораки за заштита од топлотен бран

Препораки за спречување на штетните ефекти од надворешните високи температури врз здравјето на луѓето, препорачани од страна на Министерството за здравство на РМ, Институтот за јавно здравје на РМ и Центрите за Јавно здравје:

• За време на топлотен бран избегнувајте, колку што е можно, излегување во надворешна средина во периодот од 1000-1700часот. Неопходните работи завршувајте ги пред 1000 часот или после 1700 часот.

• За време на топлотен бран во периодот од 1000-1700часот, да се избегнуваат напорни физички активности, вклучувајќи спорт и рекреативни активности.

• Останете, колку што е можно, во затворени климатизирани простории (обичните вентилатори не помагаат кога температурата е над 350Ц). Зтаворете ги прозорците и ролетните во тек на денот, отворете ги навечер кога температурата е пониска.

• При неопходен престој на отворен простор, избегнувајте директна изложеност на сонце, најдете можности за почести одмори под сенка.

• Носете светла и лесна облека (светлите бои, во извесна мера ја одбиваат светлината) од природни такенини (памучни, ленени), ставете заштитни очила и капа.

• Внесувајте големо количество на течност (не чекајте да бидете жедни), почнувајќи од обичната вода за пиење, па сî до минерализирани безалкохолни пијалоци. Избегнувајте алкохолни пијалоци и пијалоци кои содржат кофеин, како и екстремно студени пијалоци.

• Внесувајте помало количество на храна. Избегнувајте мрсна и високо-калорична храна и храна која содржи поголемо количество шеќер.

• Туширајте се со студена вода повеќе пати во денот (или ставете студени облоги и чувајте ги нозете во студена вода).

• Кога сте во возило, отворете прозорец, за да овозможите вентилација на воздухот. Целосно затворените возила стануваат многу жешки. Не оставајте никого во возилото.

• Хроничните болни, посебно тие со срцеви, невролошки и белодробни болести, потребно е да бидат многу дисциплинирани во однос на овие препораки и редовно да ја земаат својата терапија. За секакви промени на здравствената состојба, задолжително да го консултираат матичниот доктор.

• Пред употреба на свеж зеленчук и овошје, задолжително е нивно миење.

• Термички подготвена храна, да се конзумира веднаш после подготовката. Ако тоа не се направи, подготвената храна да се стави во ладилник на температура до +80Ц, а пред употреба, да се загрее на +1000Ц.

• Да се избегнуваат производи кои не се термички обработени (домашен мајонез, сладолед, разни кремови).

• Консултирајте се со својот доктор, доколку почуствувате невообичаени симптоми кои траат подолго време.

• Ако чуствувате зашеметеност, слабост, вознемиреност или чувство на интензивна жед и главоболка, побарајте помош, преместете се на постудено место, колку што е можно побрзо, и измерете ја својата телесна температура. Веднаш напијте се вода или негазиран минерален пијалок за да се рехидрирате.

• Ако имате болни грчеви во мускулите на нозете, рацете и стомакот, што побрзо одморете се на постудено место и напијте се течност што содржи електролити. Медицинска помош е потребна ако грчевите траат подолго од еден час.

• Ако некој член од вашето семејство или лице на кое помагате, има топла и сува кожа или е во бесознание, веднаш повикајте 194! Додека се чека итната медицинска помош, префрлете го на студено место и ставете го во хоризонтална положба, подигнете му ги нозете и колковите, отстранете му ја гардеробата, воспоставете надворешно ладење (студени облози на вратот, пазувите и слабините и постојано прскајте му ја кожата со вода). Мерете му ја телесната температура. Не давајте терапија. Ако лицето е во бесознание, не треба да лежи на грб, туку завртете го во странична положба.

• Да се почитуваат препораките за однесување при топло време дадени во едукативните материјали за општата популација. Установите (објектите) да се оддржуваат студени, а лицата во истите да бидат заштитени од топлина, да останат во студено и да внесуваат доволно количество течности.

• Да се следи внатрешната температура на објектот. Да се обезбеди барем една студена соба (соба со клима уред и температура пониска од 250Ц). Да се овозможи пациентите (станарите) да поминуваат во студените простории по неколку часа дневно.

• Општиот доктор да направи ревизија на редовното земање на терапија на хроничните болни.

• Да се следи внесувањето на течности од страна на пациентите (станарите), нудете (служете) безалкохолни и незасладени пијалоци, следете им ја телесната температура, пулсот, крвниот притисок и хидратацијата.

• Внимавајте на рани знаци на топлотни болести и започнете соодветен третман.

• Информирајте и обучете ги вработените. По потреба зголемете го нивниот број. Да го заштитиме здравјето на вработените во услови на топлотен бран!

КОРИСТЕЊЕ НА ЛИЧНИ ЗАШТИТНИ СРЕДСТВА

Работната облека да биде направена од лесна порозна ткаенина (од природни влакна - памук, лен) во светла боја. При работа на отворен простор задолжително носење на очила и капи. Да не се носи облека која го намалува потењето. Да се менува облеката при значајно потење.

ЕДУКАЦИЈА ЗА ПРВА ПОМОШ НА РАБОТНОТО МЕСТО

Едукација за препознавање на симптоми за топлотно исцрпување или топлотен удар, самопријавување на симптомите (исцрпеност, слабост, замор, главоболка, бледило, вртоглавица, повраќање, вознемиреност, конфузија, колапс, конвулзии, шок) и грижа за колегите (будност за појава на симптоми). На оние кои имаат појава на овие симптоми, да им се дозволи одење дома откога ќе се стабилизираат (најголем број на смртни случаи од топлотен удар се случува на пат за дома).

ВОНРЕДНИ СИСТЕМАТСКИ ПРЕГЛЕДИ

Специјалистот по медицина на трудот ги изведува превентивните вонредни систематски прегледи во време на топлотни бранови за вулнерабилните групи на работници: повозрасни работници, работници со прекумерна телесна тежина, бремени работнички, хронично болни работници (со кардиоваскуларни, ендокринолошки, респираторни, ренални, хепатални, невролошки, гастроинтестинални и дриги заболувања). 3. Препораки до локалните власти во општините Да се активираат јавните чешми и фонтани и истите да бидат во функција, особено за време на појавата на топлотни бранови. Посебно внимание да се обрне во поглед на водоснабдувањето и подигањето на смет, како и оддржувањето на чистотата на населените места.



Share

Додади коментар