Премиерот Никола Груевски денеска во рамки на посетата на Кавадарци официјално ги пушти во функција патните правци Кавадарци- Ресава и Кавадарци-Мушов Гроб. Патото до Ресава е во должина 5,95 километри и со широчина на коловозот од 5,5 метри.
„За локалнот пат до село Ресава инвестиравме околу 32 милиони денари. Со овие средства се изврши проширување и комплетна реконструкција на патот кој во изминатот период беше во исклучително лоша состојба со многу оштетувања, дупки и нерамнини. Станува збор за еден од најфреквентните патишта во регионот на Кавадарци кој е од посебно значење за населените места Ресава, Бегниште и Дабниште, но и за големата викенд населба на Тиквешкото Езеро. , рече премиерот Груевски обраќајќи се на отворањето на патот.
Директорот на Агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски рече дека во изминатиот период во локални патишта во Општина Кавадарци се инвестирани 1,7 милиони евра и додаде дека покрај патот Кавадарци-Ресава е направен и локалниот пат Ладно Долче-Страгово-Крњево со должина од еден километар во вредност од 8,8 милиони денари.
„Наредната 2014 година во кавадаречко ќе се завршат уште два локални патни правци со вкупна должина од 10,47 километри инвестиција од 84,1 милиони денари и тоа вториот дел од Ладно Долче-Страгово-Крњево со должина од 6 километри и локалниот пат од Ресава до Бегниште со должина од 4,4 километри во вредност од 37,6 милиони денари, рече Георгиевски.
Како што рече Георгиевски, само годинава биле изградени неполни 150 километри локални патишта ширум Македонија во вредност од 13,5 милиони евра, а во 2014 и 2015 година ќе бидат изградени уште 100 локални патишта со должина од околу 200 километри инвестиција од 20 милиони евра. Од 2009 до годинава прецизира, дека се изградени вкупно 590 километри локални патишта во вредност од околу 45 милиони евра.
Градоначалникот на Општина Кавадарци Александар Панов посочи дека денешниот настан е потврда оти Владата препознава дека Кавадарци е една од најразвиените општини во земјава.
„ Не обвинуваат дека сме вложувале само во споменици. Еве токму овој пат што денеска го пуштаме во употреба е потврда дека вложуваме во потребите на граѓаните, рече Панов.
Груевски во фунцкија го предаде и новиот водоводен систем за Кавадарци и Росоман.
“Се пушти во употреба новиот водовод кој што чини 2,4 милиони евра. Владата издвои 2 милиони евра, а општините Кавадарци и Росоман 400 илјади евра. Од големо значење за жителите е овој проект со кој се решава еден голем проблем. Селата и делови од градот имаа рестрикции. И оние што немаа рестрикции имаа послаба количина на вода. Беше доведено во прашање нормалното функционирање на домаќинствата. Проектот го стартувавме во 2010 година со физчко работење минатата година и еве сега е завршен. Дел од многуте поранешни ветувања на влади, премиери и градоначалници сега успеавме да ги завршиме. Втора значајна работа е патот од Кавадарци до Мушов гроб. Вложени се 2,5 милиони евра средства кои ги обезбедивме и претходно ги ветивме. Патот е многу заначаен за многу села кои што се во оваа близина. Има огромен потенцијал да се развие еден вид инстустриска зона тука. Тоа е крупна сериозна инвестиција и третиот проект што го завршивме исто така беше дел од нашите ветувања,патот Кавадарци-Ресава во кој исто се инвестираа значајни средства. Патиштата беа целосно уништени и беше нарушена безбедноста при возење. Сега доаѓа како да се изградени целосно нови бидејќи беа многу искршени.“ рече премиерот.
Во врска со шпекулациите дека Краш ќе инвестира во погон во Кавадарци, премиерот нагласи дека инвеститорот дошол во земјава да ги согледа состојбите по што ќе биде одлучено каде ќе инвестира. Тој најави инвестиција на компанија од Тунис која ќе работи за потребите на “Дрексл маер“.
Неизвесно е дали лозарите ќе добијат субвенција од дополнителни 2 денари за килограм виснко грозје предадено во домашните винарии.Премиерот нагласи дека владата ги разгледувала аргументите дали да се реализира и годинава оваа дополнителна мерка, бидејќи годинава грозјето имало повисока откупна цена.
Ангел Данов

Додади коментар