Предлог за нови насоки во СОЗШУ „Ѓорче Петров“
23-01-2014 РЕГИОН

Денеска градоначалникот Александар Панов оставри средба со наставничкиот колегиум и помошниот персонал во Општинското средно училиште „Ѓорче Петров“. Целта на состанокот беше презентација на програмските определби на градоначалникот во делот на образованието во 2014 година, со осврт на  земјоделско шумарското училиште, како и  негово запознавање со проблемите на училиштето.

Во воведното излагање Панов ги посочи определбите на општината дека под негово водство ќе се превземаат сите потребни мерки и лобирања училиштето да го надмине  кризниот период со недостиг на ученици, дека исто така нема да престанат вложувањата во подобрувањето на стандардот и условите за одвивање на наставата.

Како еден од најгорливите проблеми во моментов професорите го посочија недостигот на ученици. Затоа на наставнички колегиум тие разгледувале можности како и на кој начин да го направат нивното училиште, како дел од средното насочено образование по интересно за завршените осмоодделенци. Го запознаа градоначалникот со идејата доколку е можно во склоп на училиштето да се отвори смер за фармацевски техничари,како и паралелка за фито санитарни фармацевти техничари. Сметаат дека овие две струки се блиски до постојните смерови од земјоделската и шумарската насоко, особено во делот на  европските трендови за производство на здрава храна и контролирана употреба на пестицидите.

Како горлив проблем повторно го посочија „тенеќе маало“ и ромската популација која живее во суб стандардни услови и се однесува  надвор од цивилизираните норми, правејќи притоа проблеми како во самото  училиште така и во околната населба, правејќи го животото и движењето  небезбедни.

Од гостинот побараа да се превземат мерки за замена на преостанатите неколку дотраени дрвени прозорци со термо ПВЦ со што би се намалите трошоците за греење, а посакаа и одвојување на системот за парно од соседното индустријско училиште.

Градоначалникот Панов ги прими нивните сугестии и желби со ветување дека прозорците  ќе бидат заменети со средства од оперативниот Буџет, идејата за воведување нови смерови ќе ја пренес на првата средба со министерот за образование, а за проблемот со „тенеќе маало“  ќе се превземаат соодветни мерки согласно законите во Македонија, се вели во информацијата од Службата за односи со јавноста при општина Кавадарци.

 

 



Share

Додади коментар