Предизборен митинг на СДСМ и коалицијата во Кавадарци
04-10-2021 РЕГИОН

Изградба на регионален центар за грозје, прочистителна станица, старт ап центри, зелено Кавадарци со низа мерки за намалување на загадувањето, монтажна катна гаража, старечки дом, рекреативен центар за пензионери, бесплатен оброк за секое дете до 9 одделение, набавка на смарт табли, субвенционирање на таблет лап топ, стационар за кучиња, изградба на спорстки сали во Сопот, Марена, Возарци и Дреново. Реконструкција на фудбалски терени,  намалување на сметките за комунални услуги до 50 % - ова вечерва на предизборниот митинг им го вети на своите сограѓани кандидатот за градоначалник на Кавадарци,  од редовите на СДСМ, Горан Тодоров.  Ја побара поддршката и најави  укинување на платениот паркинг,  освен за централното градско подрачје. Сите кои живеат на  улиците „Илинденска“, „Мито Хаџи Василев“ и „7  септември“ рече, ќе бидат ослободени од плаќање паркинг.

 

Тодоров го критикуваше  својот опонент.

 

„Кавадарци почнува да се движи во еден  не посакуван правец. Окупирана општина од градоначалникот. Гледаме во изминативе 4 години Митко Јанчев си работел само за негов интерес и си вцртал маркичка и си спремал ДУП за елитна населба во месноста „12 другари“. Гледаме како ги манипулира лозарите,  додека зад затворени врати си договара свои бизнис зделки.  17 октомври е референдум за Кавадарци. Дали сакаме Кавадарци да стане ново Кратово. Верувам дека ова самоволие со заеднички сили ќе ги спречиме“ рече Тодоров и нагласи дека во изминатите 4 години централната власт за Кавадарци одвоила 11 милиони евра за големи проекти. 

 

Им вети на кавадарчани дека 12 месеци ќе работи со 100% фокус за решавање на нивните проблеми. Рече дека не бара глас за да владее, туку да им служи на граѓаните.

 

„ Митко  крајот е на 17 октомври . Што се нервираш, еве го ќе дојде“ – со овие зборови го почна своето обраќање пред кавадарчани лидерот на СДСМ Зоран Заев.  Тој се осврна и на реализираните проекти во Кавадарци со поддршка на владата.

 

„ Го реконструиравме регионалниот пат Кавадарци -Росоман. Тоа не го направи Митко Јанчев, владата го направи. Гасоводот Неготино Кавадарци Битола е над 92 отсто завршен. Реконструирани се бројни улици со пари од владата, Мостот во Ваташа го направи владата, а не Митко Јанчев. Каде беше ВМРО да прави кога беше на власт. Државата е тука да им помага на општините. Тоа ќе продолжиме да го правиме и во следниот период. Не ги делевме општините ни по еден основ, за тоа сведок ми е Кавадарци, без разлика кој ја води општината“ рече Заев.

 

Најави пред кавадарчани инвестиции и загарантиран економски развој. Нагласи дека само минатата година владата која ја предводи за лозарите од  Кавадарци и Тиквешијата издвоила 20 милиони евра  поддршка. 

 

„Само оваа година над 8 милиони евра им се исплатени субвенции на лозарите. Издвоивме и дополнителни 12 милиони евра за санирање на штетите , плус исплативме да ги испразниме винариите. Само лани преку 20 милиони го подржавме лозарството. Таква поддршка никогаш немало“ рече Заев и најави дека наскоро винарската визба „Повардарие“ ќе излезе од стечај и ќе ја преземе државата. Најави дека ќе биде активирана дестилеријата во оваа винарија, со цел да се помага, кога има проблеми со откупот на грозје.

 

„Мицкоски заглавен во темното минато нуди нова иднина. Ме чуди што слоганот „Создај нова иднина“ е насекаде, а не и во Кавадарци. Овде слоганот е „За вас“. Мицкоски го разреши Јанчев од раководството на  партијата, за потоа да застане зад него,  како негов кандидат. Ова покажува дека ВМРО-ДПМНЕ повторно нема став, не знаат кај тераат, не знаат што сакаат. Ете затоа ќе победи нашиот кандидат Горан Тодоров. Со Мицкоски никој не знае кој на што е Мицкоски ќе изгуби и во Кавадарци. СДСМ и коалицијата ќе победат во Кавадарци, Горан ќе биде новиот градоначалник во Кавадарци“ порача Заев пред кавадарчани и ја побара нивната поддршка, бидејќи како што рече досега СДСМ никогаш не победила во оваа општина.  

 

„Особено сум горд на сите успеси постигнати во нашата болница. Ги подобривме условите во кои работат здравствените работници. Ги подобривме условите за нашите пациенти. Успешно се справуваме со најголемата здравствена криза,  во последните неколку децении. Успешното менаџирање на процесот на вакцинација и одговорниот пристап на вас, одговорните мои сограѓани овозможивме да имаме висок процент на вакцинирано население. Сето тоа го направивме затоа што Кавадарци е важно. Одговорно стојам пред вас и тврдам дека имате можност да го добиете најдоброто за Кавадарци. Да ја вратиме насмевката на кавадарчани. Пред вас е можност е да  изберете луѓе,  кои целиот свој капацитет ќе го стават на располагање и ќе докажат дека граѓаните одлучуваат“ рече носителот на советничката листа на СДСМ во Кавадарци, д-р Диме Коцев.

 

Ангел Данов

 

 



Share

Додади коментар