Предадена во употреба реконструираната делница од булевар „Моша Пијаде“ до автобуската станица
06-09-2019 РЕГИОН
Во пресрет на денот на ослободувањето „7 Септември“ Општината предаде на користење на граѓаните уште една обновена улица.
Ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ асфалтираше делница од булеварот „Моша Пијаде“ од стариот кружен тек кај автобуската станица во правец кон новиот кружен тек над училиштето „Гоце Делчев“.
Успешно е реализиран уште еден дел од капиталниот проект на општината за реконструкција на главните сообраќајници во градот.

Додади коментар