Пред да го користете исчистете го оџакот!
30-09-2014 РЕГИОН

Синоќашниот опожарен оџак во висококатница во центарот на Кавадарци е аларм дека пред почетокот на грејната сезона грашаните треба да си ги исчистат оџаците за да не се соочат со штетни последици од евентуални опожарувања. Во синоќашното запалување на оџакот биле исчадени поголем дел од становите во зградата.

Од ТПП Кавадарци денеска излегоа со апел, да се почитува основното правило за оџаците, тие секогаш треба да бидат чисти. Потребно е да се исчистат пред стартот на грејната сезона, на средина и на крај од употребата за да не се случат пожари кои можат да направат огромни штети во домовите на граѓаните.

Посебно им се апелира на граѓаните кои имаат „кара“ таван добро да ги исчистат оџаците. ВО кровниот дел да проверат дали оџаците се добро измачкани од надворешната страна и задолжително да направат проверка на постарата електрична инсталација.

За станарите кои живеат во колективни згради од ТПП апелираат да ги надминат недоразбирањата  и да се изврши чистење на оџаците независно дали сите станари го користат оџакот. Апелот до оние кои не го користат оџакот, а во близина имаат поставено дрвени предмети, комоди или друг мебел истите да ги отстранат, бидејќи доколку се запали оџакот се создава температура од 700 до 900 степени и можно е да настане пожар и во тие станови.

„Станарите кои не ги користат оџаците за поголема безбедност потребно е на местото на штуцната да извршат затворање со цигли и цемент“ апалеираат од кавадаречеката противпожарна единица.

Ангел Данов



Share

Додади коментар