Пред велешани ќе биде претставен проектот за самовработување
24-02-2015 РЕГИОН

Велешкиот центар за вработување организира трибина за промоција на проектот за самовработување. Утре во општинската сала ќе се одржи презентацијата на владиниот проекти за финасирање на бизнис идеи.. На настанот своите успешни приказни ќе ги споделат и луѓе кои во претходните години ја искористеле мерката за самовработување..

Неодамна агенцијата за вработување го објави огласот за кредитирање на бизнис планови.. Аплицирањето ќе трае до 10-ти март.. Според објавениот оглас, од оваа година нема да се пополнуваат хартиени формулари туку со помош на советници од агенцијата директно ќе се аплицира во системот..

Минатата година преку овој проект сопствени фирми отворија 33-ца велешани..

Забна ординација, студио за масажа, веб администратор се дел од дејностите со кои се занимаваат кандидатите.. Секој доби по 3 илјади евра, пари потребни за обезбедување работен простор, набавка на потребната опрема и трошоци за отворање на фирмата.

Зоран Јаневски 



Share

Додади коментар