Прегазена 80 годишна жена синоќа во Кавадарци
07-07-2016 ЦРНА ХРОНИКА
80 годишна жена настрада синоќа во центарот на Кавадарци, откако во неа удри автомобил. Старицата се здобила со повреди, поради што веднаш била пренесена во кавадаречката болница.
Од СВР Велес информираа дека несреќата се случила синоќа во 20.45 часот на крстоницата од улиците „7ми септември“ и „Димакта Ангелов Габерот“.
- Автомобил марка „фиат пунто“ со кавадаречки регистерски ознаки,кој го управувал 20- годишен кавадарчанец, удрил во пешак, 80 годишна жена од Кавадарци“ рече портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска.
Увид на лице место извршила увидна екипа од Полициска станица Кавадарци.
А.Д

Додади коментар