Превентивни активности за спречување разбојништва во маркетите
18-11-2013 РЕГИОН

Во рамки на секојдневните превентивни активности ПС од ОН Кавадарци на тема превенција се почесто дискутира и со поголемите маркети во Кавадарци. Имено вработените од ваквите маркети кој често при вршењето на својата работа се изложени на разбојништва и кражби се дел од работилниците на тема ,,Превенција од разбојништва, разбојнички кражби и други имотни деликти. Со нив на темата дискутираат инспекторите за превенција Димитар Каракулев и Благица Кицева.

 

Целта како што велат тие е да им се помогне на вработените при вакви ситуации како да го олеснат трауматичниот момент, но и како да се снајдат и делуваат при контактот со разбојникот.Важен момент во целиот настан велат инспекторите е да се остане смирен, но да се внимава на битните сегменти кој понатаму во текот на истрагата ќе го олеснат процесот на препознавање и откривање на лицето разбојник.Начини за препознавање на неговиот глас, мудро преку поттикнување на комуникација извлекување на лични информации и техники како да се дојде до моментот чие е лицето по фантом маската.

 

На овие работилници продавачките ги споделуваат со Полицијата своите искуства и моментот на комуникација или вербална расправија со разбојникот.Велат стравот е голем особено во вечерните смени, но со вакви едукации се надеваат на помалку инциденти и полесно справување со крадците.Последната работилница на оваа тема во рамки на секојдневните превентивни активности кавадаречката Полиција одел за превенција ја имаше вчера со маркети ТД, а во изминатиот период низ истата поминаа и вработените од маркетите на Минекс и Дијана.

 М.М

 

 

 



Share

Додади коментар