Одделението за безбедност во патниот сообраќај при кавадаречката полиција денеска реализира превентивна акција под мотото „Кога возиш немој да пиеш, ако пиеш немој да возиш“. Се запираа возила и полициските службеници им делеа флаери со едукативна содржина на возачите.Исто така се делеа и маус падови со логото на акцијата изработени во соработка со Општинскиот совет за безбедност во патниот сообраќај.
Во регионот управувањето на возила под дејство на алкохол се јавува како четврта причина за сообраќајните несреќи. За разлика од претходно оваа причина не е на прво место но сепак полицијата прави напори со превентивни мерки да ги едуцира возачите за големата опасност на која се изложуваат, доколку возат под дејство на алкохол.
Во земјава дозволените количини на алкохол во крвта за возачите аматери изнесува 0,5 промили, а за професионалните возачи не е дозволено воопшто да имаат присуство на алкохол во крвта додека возат. Алкохолот дава лажна самодоверба, ја зголемува желбата за брзо возење, го продолжува времето на реагирање.
“Согласно законот за безбедност во сообрќајот, за присуство на алкохол од 0,51 до 0.99 примили глобата е 250 евра, од 1 до 1,49 промили се плаќа казна од 300 евра, од 1,50 до 2 промили казна од 350 евра и над 2 приомили глобата е 400 евра. Исто така се поведува прекршочна постапка. Судот може да изрече казна забрана за управување моторно возило од 3 до 12 месеци“ рече Крстев. Во неговото работење имал запрено и алкотестирано возач кај кој било утврдено дека имал над три промили алкохол во крвта.
Ангел Данов

Додади коментар