Возачите кои се упатуваа кон висорамнината Витачево и шумските предели од овој крај денеска добиваа едукативни флаери од полицијата , со цел да им се напомене за внимателно однесување додека се во простор каде може да избувне пожар.
Превентивната акција под мотото „Да ги заштитиме шумите“ ја организираше одделението за превенција при полициска станица Кавадарци, а беа поделени педесетина флаери.
„Ваква акција се реализира секое лето со цел да се делува врз свеста на граѓаните и кога се движат во отворен простор да не фрлаат отпушоци од цигари, да не палат огнови и доколку забележат пожар, веднаш да пријават во противпожарната единица или во полиција“ рече Димитар Каракулев, инспектор по превенција при кавадаречката полиција.
МЗШВ потсетува дека е забрането палење стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата и друг земјоделски отпад на земјоделско земјиште како превентивна мерка за заштита на шумски пожари. За непочитување на оваа забрана глобите се 1.500 до 3.000 евра. A.Д
Додади коментар