Превентивна акција против џебни кражби во Кавадарци
01-11-2017 РЕГИОН

 

Денес отсекот за превенција при СВР Велес и ПС од ОН Кавадарци организираа превентивна акција ,,Превенција од џебни кражби,, . Акцијата беше реализирана во централното подрачје на Кавадарци.

 

Целна група беа постарите лица затекнати на градскиот пазар, пред поштата, банките, банкоматите.Целна група ни се токму постарите лица, велат инспекторите за превенција, бидејќи тие се најчесто мета на криминалците. Поделени токму на оваа категоријата граѓани денеска беа околу стотина флаери со превентивни препораки.

 

 

Внимавајте на својот паричник и обезбедете го добро кога сте на улица и надвор од својот дом. Бидете повеќе внимателни на луѓето околу вас кога сте во пошта, банка или подигате готовина од банкомат.Кога ја земате вашата пензија, доколку сте болни или тешко се движите  повикајте со вас друг повозрасен член навашето потесно семејство кој ќе ви помогне.

 

Не разговарајте со непознато лице посебно ако ви се претставува како ваш роднина и ви бара пари на заем, за купување лекарства или за лекување. Ако забележите дека некој ви го украл паричникот , доколку сте во можност запаметете го неговиот изглед, возраст, облека, правец на движење и веднаш пријавете го во полициска станица или повикајте 192. Ова се дел од превентивните пораки кои преку едукативен материјал денес ги добија постарите лица. Акцијата беше реализирана во периодот од 9 до 11 часот.

 

M.M



Share

Додади коментар