Превентивна акција на полицијата: Заштитете се од кражби
12-10-2018 РЕГИОН

 

 

На првиот ден од есенскиот панаѓур во Кавадарци, полицијата реализира превентивна акција за едуцирање на граѓаните да се заштитат од кражби под мотото „градиме пријателство – создаваме безбедност“.

 

Инспекторот за превенција, Димитар Каракулев информира дека се делат флаери во кои се испишани совети како граѓаните да се заштитат од провални и џебни кражби.

 

                      

 

„Провална кражба е тешка кражба извршена со кршење или провалување во затворени простории со цел одземање на туѓ подвижен предмет со намера против правно да се присвои. Криминалците ја користат отстуноста на граѓаните од домовите, големата фрекфенција на непознати лица во стамбените згради, неквалитетно обезбедување на бравите од влезните врати и прозорците, слабото осветлување и незаинтересираноста на соседите“ се наведува меѓу другото во флаерите кои им се делеа на кавадарчани и се советуваат пред да го напуштат домот да проверат дали се добро затворени сите врати и прозорци. Доколку се излегува на кратко, советува полицијата, да се остави запалено светло или вклучено радио или тв.

 

„Ако заминувате на свадба или друга веселба, оставете дома некое постаро лице или сосед да внимаваат на вашиот дом. Ако при излегување од домот во влезот на зградата или улцата забележите сомнителни лица и возила веднаш повикајте полиција на бесплатниот телефонски број 192. Ако живеете во куќа инсталирајте надворешно светло на сензор кое се пали на секое движење во дворот“ советува полицијата.

 

Со едукативните флаери се опфатени ипостарите лица кои поради нивните забавени движења, чесност, наивност се цел на напад на криминалците.

 

Тие се советуваат кога се во банка, пошта, продавница, пазар, пред банкомат или аптека, да внимаваат на својот паричник. Посебно да бидат внимателни кога пред врата им доаѓаат непознати лица и бараат помиш или нудат некаква услуга.

 

Поради многубројните измами со огревно дрво, полицијата до постарите лица апелира да не им даваат пари на лица кои им ветуваат дрва за огрев се додека не им бидат донесени дрвата во двор.

 

 A.Д

 



Share

Додади коментар