Превентивна акција на полицијата за поголема безбедност во сообраќајот
10-07-2014 РЕГИОН

Туристичката сезона влегува во полн ек, а тоа значи дека следува зголемена фрекфенција на возила како меѓурегионално така и транзитно низ подрачјато на ПС од ОН Кавадарци посебно на патните правци А1 Градско Прилеп Р1 103 Мотел Дреново Кавадарци Неготино и Р1 107 Росоман Кавадарци Мушов Гроб, децидни се од Кавадаречката Полиција отсек за превенција.

Од таму велат дека летото вообичаено туристичката сезона го зголемува и бројот на сообраќајни незгоди каде најчесто причината е заморот кај возачите и неприлагодената брзина спрема условите на патот.Заради овие причини отсекот за превенција во содејство со ПС од ОН Кавадарци и ПО за БПС во периодот на месец јули и август ќе спроведува воспитно превентивна акција со наслов „Внимание заморот и брзината во сообраќајот убиваат“ ,информира самостојниот инспектор за превенција по сообраќајни работи Диме Точков.

Во рамки на целата кампања денеска Точков заедно со своите колеги полициски службеници излегоа на терен низ горенаведените патни правци со цел да извршат усно предупредување за возачите и да им поделат едукативни флаери со совети и препораки за во сообраќајот.Беа контролирани неколку возила кој главно ја почитуваа брзината и останатите сообраќајни правила.

 

Популарниот полициски радар сведочеше за брзината со која се движеа по патниот правец Кавадарци Росоман, а полициските службеници делејќи флаери ги вршеа и останатите контроли.Дозволената брзина од 60 км на час возачите покажаа барем денеска дека ја почитуваат, а можеби превентивното делување на Полицијата ќе помогне правилото да се почитува подолго.

 

Целта на акцијата е пред се подигање на сообраќајната свест и култура кај возачите во насока на почитување на сообраќајните правила и прописи, како и испраќање порака до сите учесници во сообраќајот дека прекршоците поврзани со неприлагодената брзина и возењето под замор се едни од водечките причини за сообраќајни незгоди, потенцира инспекторот Диме Точков.Ваквите акции веќе најавивме не само денеска ќе ги има до крајот на август.Во дел од нив покрај превенцијата ќе се применува и репресија.

М.Младенова



Share

Додади коментар