Превентивна акција за непрописно паркираните возила
26-02-2014 РЕГИОН

И денеска низ централното подрачје на градот кавадаречката полиција спроведе превентивна акциска контрола за превземање на превентивни мерки и активности во врска со прекршоци од областа на непрописно паркирање, односно паркирање во зона на раскрсница, паркирање на обележан пешачки премин, места означени за паркирање на инвалидизирани лица, двојно или паралелно паркирање. На возачите со вакви прекршоци им беа издадени покани за сообраќајни поуки, но беа изречени и усни мерки како и писмени предупредувања зависно од тежината на прекршокот .

Ваквите превентивни акции продолжуваат интензивно до петок ,целта е преку превентивно дејствување и преземање на мерки и активности, да се подигне сообраќајната свест и култура кај учесниците во сообраќајот, особено кај категоријата возачи на патнички моторни возила, како учесници во сообраќајот кај кој најчести се прекршоците кога станува збор за непрописно паркирање, вели за ктв Диме Точков инспектор за превенција при ПС од ОН Кавадарци. Според него ваквите акции позитивно делуваат во статистиката.Се намалува бројот на прекршоци што значи поголемо е почитувањето на законот за сообраќај од страна на возачите. Точков информира дека акцијата со оваа намена продолжува интензивно до петок, но од следната недела повторно одделението за безбедност ќе делува на терен каде целта ќе биде друга категорија прекршители во сообраќајот.

М.М

 



Share

Додади коментар