Превентивна акција за безбедност во сообраќајот за сите
12-07-2019 РЕГИОН

- Не возете под дејство на алкохол, возењето и пиењето се најголеми непријатели. Уличните трки со мотори се строго забранети. Нашите улици се реални, ние не сме во видео игра.   Ова се само дел од препораките кои општината Кавадарци, полицијата и Локален совет за превенција, ги ставија на флаери и вечерва се делеа на неколку локации во градот.

 

Целта е превентивно да се делува за да се вози внимателно, заради поголема безбедност во сообраќајот. Флаери делеа и кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, кој е претседател на Советот, судијата Лазар Нанев, командирот на пожарникарите Александар Чадамов, претседателот на општинскиот Совет Ристо Сакалиев, командирот на полицијата Сашко Димовски и други членови на Советот.


Јанчев појасни дека Локалниот Совет е формиран пред месец ипол со одлука на општинскиот Совет, по правилник и протокол на Министерството за внатрешни работи. Тој има, нагласи,  голема улога во превенцијата. Флаерите ќе се делат три часа.
Нанев рече дека превенцијата  е еден од најважните столбови во системот на активности, што се однесуваат на спречување на несоодветното однесување.
>С.Д



Share

Додади коментар