Приказната за органското вино и неговата дефиниција би можела да биде многу кратка ако ги погледнете фактите, и тие гласат: грозјето за вина што најчесто се декларира како органски се добива главно од помали парцели, собрани рачно, и методот на одгледување на лозја е чисто органски, биодинамичен, претежно - самоодржлив или природен. Нема додатоци во виното, не се филтрира или рафинира.
Винскиот подрум Попови од Кавадарци го произведе првото органско сертифицитано црвено вино во Македонија. Вранец Дарк Хорс -ОРГАНИК се сместува во моќни вина кои имаат исклучителен и посебен вкус.
Производителот на ова вино Гоце Попов, за „Фактор“ го открива процесот на производство...
Првото органско сертифицитано црвено вино во Македонија е успешно произведено токму во Вашата винарија. За каков всушност производ станува збор?
-Вински подрум Попови од Кавадарци го произведе првото сертифицитано органско црвено вино во Македонија. Виното е направено од органско грозје ВРАНЕЦ од микролокалитет Фариш на надморска височина од 450 мнв.,што значи дека грозјето е органски сертифицирано и одгледано на органска почва и притоа не се користени пестициди, хербициди и други хемикалии.
Што значи тоа под строго контролирани услови? Дали бара поразлична преработка од стандардниот процес на производство на вино?
-Органското вино е Вранец Дарк Хорс -ОРГАНИК e направено под строго контролирани услови- од берење, превоз, чување на грозјето во посебна просторија. Ферментација се одвива во посебни нови танкови досега не користени, муљањето е рачно и нема користење на конвеционални квасци што го прави ова вино примамливо за сите приврзаници на здравата храна.
извор: Фактор

Додади коментар