По наставните содржини во училиште денеска учениците во прво одделение од ООУ Гоце Делчев Кавадарци ја посетија нашата редакција со цел во живо да погледнат како тече една подготовка за вести и како се емитува програма во живо. Своите веќе стекнати познавања за тоа што е телевизија, што се истата емитува, кои се луѓето кој работат во неа, која е улогата на новинарите и водителите, што работат камерманите, а што техничарите и монтажерите, првооделенците од „Гоце Делчев“ наученото го споделија со нас.
Како гости во утринската емисија ,,Добро утро за убав ден,, тие на сите гледачи им посакаа навистина убав ден. Искрено беа послушни гости и истовремено едни од најспремните без ниту малку трема. Како пушка подготвени да одговорат на нашите прашања и спремни да споделат со мене и гледачите кој се нивните омилени програмски содржини. Дознавме знаат првачињата што се вести и што може гледачот да дознае од нивната содржина. Откривме сакаат да гледаат фудбал, ја слушаат убавата македонска народна песна, ама не пропуштаат ниту цртани филмови.
Во рамки на нивните наставни содржини бевме информирани првачињата учат покрај за телевизија и за радио информирање и програма, за локална самоуправа, за градоначалник и совет. Ги учат бројките и буквите, а ја имавме честа и во живо да собираме и одземаме, да ги провериме знаењата и да заклучиме дека наставничката Даниела Трипунова Стевковски која денеска ги донесе во нашата редакција има тешка задача да се справи со толку паметни дечиња и да пишува многу петки.
М.Младенова
Додади коментар