Првични неофицијални резултати за излезноста на референдумот во Тиквешијата
30-09-2018 РЕГИОН

 

Во 19 часот заврши гласањето на сите избирачки места и во општините од Тиквешијата. Гласањето помина без инциденти, во фер и демократска атмосфера.

 

Според првичните  неофицијални резултати објавени од ДИК во Кавадарци од обработените резултати од сите гласачки места до 19 часот гласале 10.009 граѓани со право на глас или 31,07% од вкупниот број избирачи 32.259.

 

Во Неготино гласале 5539 граѓани или 34,85% од вкупниот број граѓани со право на глас.

 

Одзивот во Росоман е 31,46%, а во Демир Капија 38,28%.

 

А.Д



Share

Додади коментар