Климатските промени годинава беа предуслав вегатацијата кај растителното производство да бида порано за најмалку две седмици , што предизвика и порано да се отпочне со бербата на раните трпезни сорти на грозје во Тиквешијата. Вчера на градскиот зелен пазар индивидуални лозари понудија скромни количини на трепезните сорти кардинал и белградска рана .
Првата цена на кардиналот беше 60 денари за килограм а за белградска рана 40 денари за килограм.Од Агенцијата за потикнување на развојот на земјоделството во Кавадарци ни потврдија дека првите гроздови од раните сорти годинава беа набрани на 13јули, а најрано бербата ја започнуваат лозарите од селата: Дисан, Пепелиште, Тимјаник и Сопот.
Раководителот Драганчо Николов изјави дека годинава se очекува добра реколта со одличен квалитет, доколку дозволат временските услови.
Во АД „Гоце Делчев“ најголем производител на трпезно и винско грозје во Македонија велат дека сеуште е рано за старт на гроздоберот на трпезните сорти. Состојбата со зрелоста на грозјето се следи и деновиве точно ќе се знае кога ќе се стартува со бербата. Раната берба на незрело грозје секогаш ја руши првата откупна цена на трпезните сорти и тоа е лекција која производителите треба да ја знаат и да не брзаат со бербата на трпезното грозје.
Само зрело и квалитетно грозје може да биде продадено по подобра цена а со текот на бербата лозарите знаат дека со зголемувањето на понудата првата откупна цена се намалува.
Mирјана Мукаетова
Додади коментар