Нови клупи, спортска сала за настава по физичко кога ќе залади и средување на дупките во дворот на училиштето побараа денеска прво одделенците од ООУ „Страшо Пинџур “ Кавадарци од градоначалникот Александар Панов.
Тие ја посетија локалната самоуправа и разговараа со градоначалникот за неговите надлежности, но децата секогаш се оригинални и си ги кажаа своите барања од првиот човек на општината.
„ Секогаш тематска единица на децата е запознавање
со институциите. Една од институциите која најмногу сакат да ја видат и да се запознаат тоа е локалната самоуправа, да се запознаат со надлежностите, проблемите кои ги рашаваат градоначалникот, советот и администрацијата. Јас секогаш се чувствувам убаво кога дечињата се мои гости“ рече градоначалникот и им даде ветување дека ќе добијат нови клупи во дворот, ќе се потполнат дупките во дворот на училиштето и надеж дека наскоро ќе се изгради и спортска сала во ова кавадаречко училиште.
A.Д

Додади коментар