Првачињата од Кавадарци денеска станаа членови на детската организација
10-10-2013 РЕГИОН

Цела недела по неколку активности низ основните училишта во Кавадарци сите во рамки на детската недела. Октомври и годинава во знакот на најголемото богатство децата.Нај младите од основното образование првачињата учеа за детските права, учеа како да се биде успешен и пред се како да се почитува и да се биде почитуван.

Денеска свечена манифестација по повод детската недела имаа организирано сите училишта од Кавадарци.

Богата културно уметничка програма им понудија на првачињата и публиката.Потсетија дека образованието е најважно. Свој говор пред присутните имаа и директорите на училиштата. Секој од нив гордо говореше за успесите постигнати со учениците, но и за тоа колку истите понекогаш и во одредени случаи и земји се малтретирани.

Македонија и нејзините млади за жал рекоа директорите, не се имуни на овој проблем па затоа борбата за успешна младина останува во рацете и разумот на возрасните. Да ги чуваме, почитуваме и сакаме нашите деца порачаа директорите. За првачињата денеска училиштата обезбедија по неколку подароци, меѓу нив и официјалните беџови за прием во детската организација. Дека ќе бидат послушни и успешни се заколнаа свечено првачињата и зачекорија кон организацијата. Честитки за сите нив и многу успеси.

Милица Младенова



Share

Додади коментар