Месец февруари и оваа година за флејтистите на ОМБУ Лазо Мицев Рале Кавадарци заврши со традиционалниот фестивал во Ваљево. Имено над 140 учесници и годинава забележаа 19 те по ред меѓународни средби на флејтисти Тахир Куленовиќ.
На фестивалот во Ваљево во дисциплината камерен состав учество зедоа Мартина Мишова, Тамара Стојанова, Розе Добринова, Јосипа Василевска, Миа Мртина Маџункова, Александар Серафимов и Менче Стојановска сите од класата на професор Силвана Чулева Атанасова. Младите флејтисти од ОМБУ Лазо Мицев Рале настапија со две композиции.
Натпреварот го збогатија со изведбата на игра на куклите од Петар Илич Чајковски извадок од балетот оревокршачка и македонската народна песна Ја излези Ѓурѓо во аранжман на Дамир Имери. Во дисциплината на кавадаречките флејтисти се натпреваруваа пет состави, тие со својата оригиналност го освоија жирито и заслужено си обезбедија прва награда, но и учество на завршниот концерт во Ваљево. Секако ова е само еден добар почеток за 2017 та година.
На учениците им претстојат уште многу натпревари,но и многу работа и задачи вели Атанасова.
Mилица Младенова

Додади коментар