Пратеникот Бетиане Китев кандидат за градоначалник на Кавадарци
09-09-2017 РЕГИОН

 

Официјално, пратеникот во Собранието на Република Македонија од Кавадарци, Бетиане Китев е кандидатот за градоначалник на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија за Општина Кавадарци. Бетиан Китев досега ја извршуваше функцијата пратеник во Републичкото Собрание и достојно го претставуваше Кавадарци и секогаш се бореше за интересите на граѓаните на Кавадарци - објавија од ОО на СДСМ Кавадарци на својот веб сајт.

 

Китев е роден е на 23.06.1985. Основно и средно училиште завршува во Кавадарци. Дипломира на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Магистрира на истиот факултет на насоката Политички Науки. Во неговата политичка кариера тој беше советник во Совет на град Кавадарци (2009-2013), и пратеник во Собранието на Република Македонија (2014-2016 и 2016-денес).

 

Од СДСМ велат:

Кавадарци конечно ќе добие млад, чесен и способен градоначалник, посветен да се зафати со потребните реформи и подобрување на животот на сите граѓани на град Кавадарци. Граѓаните на Кавадарци во Бетиан ќе имаат сојузник кој секогаш ќе биде тука да ги сослуша и реши нивните проблеми. Со Бетиан на чело на општината, Кавадарци конечно ќе го започне својот пат да стане еден модерен град, со средена инфраструктура, со чист воздух и здрава животна средина, урбано целосно уреден, привлечен за туристите, и економски силно развиен, каде секој граѓанин ќе може достоинствено да живее.



Share

Додади коментар