Правна заштита за трудовите инвалиди
19-05-2015 РЕГИОН

Трудовите инвалиди во Велес ќе добијат соодветна правна заштита.Националниот сојуз мобилност македонија отвора нова канцеларија во градот. Сместена е наспроти ликовниот салон. Во неа лицата со инвалидност ќе можат да се информираат за своите права. Претседателот на сојузот во Велес, Горан Здравков вели дека трудовите инвалиди ќе можат да се информираат и за можностите за вработување..

Националниот сојуз на трудови инвалиди викенодв одржа тематска работилница за правата во здравствениот систем.. Генералната оценка е дека здравствените установи ги овозможуваат загарантираните права но сметаат дека е потребна дополнителна едукација на здравствените работници..

Уставот на државата и потпишаните меѓународни договори ги гарантираат правата на пациенти со инвалидност.. Тие треба да знаат кои институции ја имаат грижата за нив, сметаат правниците..

Националниот сојуз „мобилност“ македонија има над 8 илјади членови со најразличен вид на инвалидност.

Зоран Јаневски 

 



Share

Додади коментар