Пошумување на ерозивни подрачја во кавадаречко
28-03-2024 РЕГИОН
Шеста година по ред, секоја пролет и есен се пошумуваат и околните ерозивни подрачја што го напаѓаат градот. Три години се пошумуваше на Журов дол во с.Ваташа, во каде се посадија 40.000 садници од чемпрес и багрем.
 
 
 
Изминатите две и оваа веќе трета година се пошумува на локалитетот Глишички рид, каде беа посадени досега 15.000 садници. Во ова пролетно пошумување, ќе се посадат уште 2.500 садници на багрем, а на есен се планира помасовно садење од 5.000 садници. Вклучени се вработени од одделението за животна средина, инспекциското одделение и Мој Општинар. Сите средни училишта, претежно средното шумарско училиште кое што изведува и практична настава паралелно, и невладина Еко Живот со нивни волонтери.
 
 
 
ЈП Комуналец и Мој општинар, неуморно работат на тоа Кавадарци да биде континуирано чисто, зелено и убаво! - велат од локалната самоуправа.
 


Share

Додади коментар