Редовна седница синоќа одржа управниот одбор на ловечкото друштво Тиквеш Кавадарци. Донесена е одлука за старт на ловната сезона за дел од дивечот определен со ловостој. Според одлуката ловот на дивата свиња почнува на 1 октомври 2013 година и ќе трае до 31 јануари 2014. Во дивеч определен со ловостој спаѓаат и зајакот, полската еребица, лешарката и фазанот.За истите ловната сезона започнува на 11 октомври 2013, а завршува на 14 декември годинава.
Управниот одбор на ловечкото друштво Тиквеш синоќа одлучи право на лов и оваа ловна сезона ќе имаат сите членови ловци со измирена чланарина за ловна сезона 2013/2014. Според законските определби за секој ловец член на друштвото задолжителна е и дневна дозвола која од одговорните може да ја подигне секој работен ден велат од ловечкото друштво. Од Тоде Панов секретар на ловечкото друштво Тиквеш дознаваме дека 3000 денари изнесува чланарината за ловците до 65 годишна возраст, а за ловците на 65 години чланарината е 1500 денари. Панов вели дека за ловната сезона се е подготвено.
Ќе се лови на терените кој со концесија се надлежност и определба на друштвото.Законот и одлуките на управниот одбор и годинава предвидуваат казни за оние кој нема да почитуваат обврска. Санкционирани ќе бидат сите кој на терен ќе бидат затекнати без измирена чланарина или дневна дозвола децидни се од Ловечкото друштво Тиквеш.
Mилица Младенова

Додади коментар