Почнаа подготовките за хидраулично регулирање на притисокот на водата во Неготино
03-11-2014 РЕГИОН

 Започнаа подготвителните работи за проектот „ Хидраулично регулирање на водата “ во Неготино, со кои Неготино е првиот град во кој се поставуваат ваков тип на уреди.  Стручни екипи секојдневно работат на поставувањето на уреди за хидраулично регулирање на притисокот на водата. Токму со помош на овие уреди, стручните лица ќе имаа целосен увид за состојбите на терен и брзо и ефикасно ќе може да реагираат за нормализирање на состојбите со потисокот на водата рамномерно во сите зони на градот, а со тоа ќе се намалат и дефектите во водоводната мрежа.

 

  Во моментов на терен во тек се подготвителните активности за создавање услови за непречен старт на работите на проектот. Официјално стартот треба да биде означен на 06 ноември (четврток ) во 11.00 часот, во рамките на програмата за одбележување на празникот на општина Неготино 8 Ноември.

 

 Проектот чини над 20 милиони денари, а средства се обезбедени од Буџетот на општина Неготино. Изведувач на работите е ИМГД од Самобор,Република Хрватска - фирма со сертификат дека е една од 10-те најдобро рангирани фирми во светот која се занимава со откривање и санација на губитокот на водата во градските водоводни мрежи. Како што велат надлежните, доколку временските услови дозволат работите на терен треба да завршат до крајот на годинава.

 Маја Алексовса

 

 



Share

Додади коментар