Почна бербата на праски во Росоман
13-06-2015 РЕГИОН
Со откупна цена од 20 до 60 денари започна годинашнава берба на праски во најголемиот производен регион за праски во земјава, росоманскиот. Најниска е цената за праските од сортата „спринг тајм“. Тие се откупуваат по 20 денари, по 30 денари се „Меј крес, додека „бинг бенг“ и „спринг крес“ се откупуваат по цена од 35 денари.
Производителите се задоволни од стартната откупна цена и се надеваат дека до крајот на бербата цените ќе останат на исплатливо ниво.
И градоначалникот на Росоман, Стојанче Лазов е задоволен од откупната цена. Вели дека засега родот го откупуваат откупувачи од Скопје, а наскоро ќе бидат ставени во функција и сите откупни пунктови кои ги има во Росоман./A.Д
Додади коментар