Почна асфалтирањето на улицата „Страшо Пинџур“
01-11-2019 РЕГИОН
Општина Кавадарци преку ангажираната оператива започна со асфалтирање на делница од улицата „Страшо Пинџур“. Според проектот МСИП поддржан од Светска банка и ЕУ, кој се однесува на реконструкција на главните улици во градот, се работи на потегот од спојот со ул. „Ресавска“ кај „вториот триаголник“ па до ваташката пошта.
Во деновите на изведување на асфалтирањето на ова улица, заради квалитетно и непречено работење се воведува времен режим на сообраќајот.
Општината апелира до возачите, до сите учесници во сообраќајот, како и до граѓаните да се придржуваат кон новиот режим на сообраќај и да искажат разбирање и трпеливост.

Додади коментар