Потребен е дневен центар за лицата со попречености во Велес
22-01-2015 РЕГИОН

Државата и локалните власти да изградат дневен центар за луѓето со попречености.. Ова го бара здружението на лица со церебрална парализа.. Таков капацитет ќе биде поддршка за лицата со попречености.

Стариот театар да се пренамени во дневен центар за лица со пречки во развојот побара локалната самоуправа.. Во август минатата година ја презентираше идејата. Предвидува во објектот да се сместат сите невладини организации, здруженија и училишта кои работат со оваа категорија на граѓани.. Од министерството за култура тогаш изјавиа дека планот треба да го одобри влаадата..

Од здружението на лица со церебрална парализа велат дека отворањето на дневен центар значително ќе им помага и на семејствата..

Моментално во Велес работи дневен центар за деца со посебни потреби во рамки на центарот за социјални работи.

Зоран Јаневски



Share

Додади коментар