Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори, Фатмир Битиќи и управителите на Дрекслмајер, Јозеф Кауфман и Лукас Мирингер, денес го потпишаа договорот за државна помош за реализација на новата инвестиција на оваа германска компанија, со кој се предвидуваат инвестиции од 16 милиони евра и отворање на нови 1000 работни места во Кавадарци и Куманово.
Вицепремиерот Битиќи соопшти дека потпишувањето на овој договор за нова инвестиција на германската компанија Дрекслмајер, е уште една потврда за партнерскиот однос кој Владата го гради со компаниите кои функционираат во земјата, како и за поволната бизнис клима која поттикнува нови инвестиции и развој на компаниите. Тој потстети дека од септември 2020 година потпишани се 48 договори за државна помош со компании кои аплицираа по Законот за финансиска поддршка на инвестиции, а дополнително ова е вкупно петти договор кој се потпишува за нова инвестиција на странска компанија во земјата (ВИК-втора фаза, Ипротекс, Пурпласт и Дрекслмајер и Магна) во овие 8 месеци.

Додади коментар